• петок, 19 април 2024

Ќе се ангажираат тутори за дечиња Роми од Крива Паланка

Ќе се ангажираат тутори за дечиња Роми од Крива Паланка

Крива Паланка, 16 март 2023 (МИА) - Општина Крива Паланка објави јавен оглас за ангажирање тутори за поддршка на ученици Роми од второ, трето и четврто одделение во оваа oпштина.

Активноста се имплентира како дел од акцијата „Пост Ковид-19 мерки за превенција и опоравувањево образованието за деца и возрасни“, финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програма – фаза 2 за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

-Акцијата има цел да го унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование кои беа дел од наставата во далечина за време на пандемијата и се соочија со разни предизвици од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми. Во рамките на акцијата ќе се обезбеди дополнителна образовна - туторска поддршка на минимум 30 ученици Роми во учебната 2022/2023 година од март до мај и 2023/2024 година, од септември до декември. Дополнителната поддршка ќе биде обезбедена за децата Роми вклучени во второ, трето и четврто одделение Дополнителна образовна поддршка ќе се обезбеди по предметите македонски јазик, математика и англиски јазик, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во рамките на оваа активност во период од седум месеци ќе бидат ангажирани најмногу  шест тутори кои два пати неделно по еден наставен час ќе работат со овие деца заради оспособување и стекнување на основни вештини кои се неопходни во процесот на редовното образование.

Право да се пријават за тутори имаат невработени дипломирани наставници по одделенска наставастуденти во четврта година на студирање, апсолвенти или дипломирани на педагошки факултет- одделенска настава, дипломирани или во четврта година на студирање, апсолвенти на Филолошки факултет, англиски јазик, дипломирани наставници по одделенска настава или наставници по англиски јазик кои се веќе вработени во основно училиште.

Крајниот рок за доставување на пријави е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, најдоцна до 22 март 2023 година, а за сите информации  може да се контактира Долорес Асановска од Општина Крива Паланка. ид/дма/

 

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан