• среда, 10 јуни 2026

Њујорк го победи Кливленд во првиот натпревар од финалето на Источната конференција

Њујорк го победи Кливленд во првиот натпревар од финалето на Источната конференција

Њујорк, 20 мај 2026 (МИА) - Њујорк Никс ги победи Кливленд Кавалирс со 115:104 по продолжение во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

Натпреварот се одигра ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Плејмејкерот на домашниот тим Брансон, постигна 38 поени, двоцифрени беа и Бриџис (18), Харт (13), Таунс (13 + 13 скока), Ануноби (13).

Во тимот на Кливленд се истакнаа Мичел (29 поени), Харден (17), А. Мобли (15 + 14 скока) и Мерил (12).

Вториот натпревар во серијата прв до четири победи ќе се игра на 22 мај. зс/

Фото: ЕПА