• четврток, 28 март 2024

Јокиќ и Ембид играчи на месецот во НБА лигата

Јокиќ и Ембид играчи на месецот во НБА лигата

 

Денвер, 3 февруари 2023 (МИА) – Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е прогласен за најдобар кошаркар во јануари во Западната конференција во НБА лигата, додека признанието на Истокот му припадна на Џоел Ембид.

Јокиќ изминатиот месец во дресот на Денвер имаше просек од 24 поени, 11.6 скокови и 11.3 асистенции на 16 натпревари на кои неговиот тим забележа 12 победи.

Центарот на Филаделфија, Ембид, ја предводеше својата екипа до 11 победи на 14 натпревари во јануари со просек од 34.9 поени, 10.7 скокови и 1.6 блокади. ег/

Остани поврзан