Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
- Градоначалникот на Град Скопје Орце на својата Фејсбук страница сподели видео од настапот и впечатоците на Дејвид Гета од спектакуларниот концерт во Скопје.
Скопје, 12 септември 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница сподели видео од настапот и впечатоците на Дејвид Гета од спектакуларниот концерт во Скопје.

-Скопје никогаш не било поубаво! Центар на светот, на забавата и дружењето! Град што пулсира со радост, обединува и создава спомени за цел живот!
Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за прекрасната организација и забавата што долго ќе се памети! Скопје, ова е твојот сјај! - објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

нд/