• понеделник, 22 април 2024

Штипските пензионери навреме си набавија дрва за огрев

Штипските пензионери навреме си набавија дрва за огрев

Штип, 28 мај 2023 (МИА) - Речиси сите пензионери кои запишаа дрва преку Здружението на пензионери – Штип оваа година ги добија огревните дрва. Претседателот на Здружение на пензионери-Штип, Ристе Нетков вели дека водејќи се од праксата од претходната година, годинава состојбата е сменета 100-процентно, да не се соочат со ситуација како лани да нема дрва или да се по цена многу повисока од сегашната. Пензионерите дрвата ги купија по цена од 4900 денари односно 5000 денари, и тоа е цена која ја одредува набавувачот.

- Оваа година 100 проценти е сменета состојбата за разлика од минатата година. Ние оваа година веќе на сите ги доставивме дрвата, сезоната за нас со достава на огревни дрва заврши, сите пензионери редовно си ги плаќаат ратите, вели Нетков.

Пензионерите кои се членови на Здружението се задоволни, велат дека дрвата ги добиле на адреси и веќе почнале да ги складираат за престојната грејна сезона.

Кога е во прашање цената на дрвата пензионерите велат дека мора да се прилагодат, бидејќи не знаат колкава може да биде таа наредната зима. Задоволни се со брзата испорака на дрва и можноста да ги плаќаат на рати. вдј/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан