• среда, 16 септември 2026

Шкендија не успеа да го скрши отпорот на Хибернијан и ги заврши настапите во Европа

Шкендија не успеа да го скрши отпорот на Хибернијан и ги заврши настапите во Европа

Скопје, 13 август 2026 (МИА) – Екипата на Шкендија не успеа да го помине третото коло во квалификациите на Конференциската лига. Тетовци вечерва на „Тодор Проески“ во Скопје одиграа нерешено 0:0 со шкотски Хибернијан и ги завршија настапите во евро-куповите.

По домашната победа со 2:1 Хибернијан избори плејоф во третото по квалитет клупско фудбалско европско натпреварување.

Шкендија имаше неколку изгледни напади по кои го загрозија гостинскиот гол, но не успеа да ја надомести негативата од еден гол од дуелот во Шкотска.

Претходно, во раната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите и за Конференциската лига беа елиминирани другите два македонски претставника оваа сезона, Вардар и Силекс. зс/

Фото: Фејсбук ФК Шкендија