• понеделник, 04 декември 2023

Шаќири во Стразбур на Конференција на министри за образование на Советот на Европа

Шаќири во Стразбур на Конференција на министри за образование на Советот на Европа

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во Стразбур, Франција ќе учествува на 26-та сесија на Конференцијата на министри за образование на Советот на Европа, која се одржува на тема „Трансформативната моќ на образованието: универзални вредности и граѓанска обнова“. 

Шаќири, како што информираат од МОН, ќе има свое излагање на панел дискусијата „Искористување на придобивките од дигиталната трансформација во образовниот процес“ и ќе се осврне на досега реализираните системски промени и спроведени проекти, како и на планираните активности на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука за забрзување на процесот на дигитализација на образованието. 

На конференцијата ќе биде промовирана и Стратегијата за образование 2030 на Советот на Европа, а ќе се дискутира и за искуствата и предизвиците на образованието во услови на кризи и вонредни состојби./ра/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан