• четврток, 26 септември 2024

Четворица израелски војници убиени во јужниот дел на Појасот Газа

Четворица израелски војници убиени во јужниот дел на Појасот Газа

Газа, 18 септември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници загинале во битка во јужниот дел на Појасот Газа.

-Тројца се тешко повредени, а уште двајца се ранети, додаваат израелските одбранбени сили.

Израел војува со Хамас во Појасот Газа од 7 октомври минатата година, кога радикалната палестинска група изврши ненадеен напад на израелска територија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан