• среда, 27 март 2024

Честитки од британскиот министер за одбрана за годишнината од членството на земјава во НАТО

Честитки од британскиот министер за одбрана за годишнината од членството на земјава во НАТО

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска преку видео-конференциска врска разговараше со нејзиниот британски колега Бен Валас, кој и упати честитчки за годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО.

Како што информираа од Министерството за одбрана, двајцата соговорници се фокусирале на силните сојузнички односи и идните активности за продлабочување на интенивната билатералната сорабока помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, а се осврнале и на актуелната безбедносна состојба во Украина.

Петровска изрази благодарност за пријателската поддршка од Обединетото Кралство во процесот на воена интеграција во НАТО, при развивањето на одбранбените капацитети и способности на Армијата, како и за континуираната поддршка во модернизацијата на армискиот полигон Криволак.

Валас ги оценил овие процеси како исклучително успешни, го подвлече процесот на модернизација на Армијата како позитивен и исклучително важен и ја поздрави улогата на Северна Македонија во регионалната безбедност и стабилност.

- Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат сеопфатна соработка во областа на одбраната која се реализира во повеќе области: одбранбена политика, воена обука и едукација, вклучувајќи и школување на припадници на Армијата на најпрестижните воени школи во Велика Британија, се посочува во соопштението од Министерството за одбрана. фф/сп/

Фото: Министертсво за одбрана

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан