• сабота, 09 декември 2023

Честитка од премиерот Ковачевски до МИА по повод 25-години од постоењето

Честитка од премиерот Ковачевски до МИА по повод 25-години од постоењето

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати четитка до Медиумската информативна агенција повод 25-годишнината од постоењето на Агенцијата. 

-Од име на Владата на Република Северна Македонија и од лично мое име, ви ја честитам 25-годишнината од постоењето на Медиумската информативна Агенција- МИА.  Низ годините, МИА на високо ниво ја издигна важноста на точното, објективното и темелното информирање и создаде кредибилна информативна агенција на која може да и се верува, како во национални, регионални, така и во светски рамки. Денес, Медиумската информативна агенција е столб на македонското новинарство, која го следи чекорот на времето и сервисира навремени, точни и прецизни информации за домашни и меѓународни актуелни прашања, се вели во честитката што премиерот ја упати до МИА по повод 25-годишнината од постоењето. 

Премиерот Ковачевски до МИА упати желби за бројни успеси во македонскиот медиумски простор и да продолжи и понатаму да го брани дигнитетот на новинарската професија. ев/ 

 

Остани поврзан