• вторник, 13 октомври 2026

Челзи бара 120 милиони фунти од Манчестер сити за Енцо Фернандез

Челзи бара 120 милиони фунти од Манчестер сити за Енцо Фернандез

Лондон, 12 август 2026 (МИА) - Челзи бара 120 милиони фунти за трансфер на играчот од средниот ред Енцо Фернандез во Манчестер сити, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели од 25-годишниот Аргентинец само ако добие профитабилна понуда.

„Граѓаните“ се надеваат дека ќе ја намалат цената на трансферот и контактирале со соработниците на играчот. Медиумите претходно објавија дека менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, е заинтересиран за фудбалерот.

Фернандез е во Челзи од 2023 година. Неговиот договор со клубот важи до 30 јуни 2032 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 100 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА