Црвен крст Куманово ја одбележа „Неделата на борба против туберкулоза“
- Како што појаснија од организацијата, во рамки на одбележувањето, на оваа тема биле едуцирани 130 учесници за тоа што претставува болеста, кои се симптомите, како да се превенира и како да се лекува.

Куманово, 22 септември 2023 (МИА) - Кумановскиот Црвен крст ја одбележа „Неделата на борба против туберкулоза“, што годинава е под мотото „Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“, информираа од организацијата.
- Општинската организација организираше пет едукативни работилници, од кои две во нејзините простории со персонални асистенти на лица со попреченост и негуватели на стари лица и три во основни училишта во градот, изјави секретарот на организацијата, Ива Младеновска.
Како што појаснија од организацијата, во рамки на одбележувањето, на оваа тема биле едуцирани 130 учесници за тоа што претставува болеста, кои се симптомите, како да се превенира и како да се лекува.
- Преку ова предавање ја подигаме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата и го поттикнуваме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на туберкулозата, додаде Младеновска. ам/бд/
Фото: Црвен крст Куманово