• четврток, 18 април 2024

ЦКП: Општина Струмица прави значаен чекор кон одржлива иднина „Патоказ за еко-паметна општина“

ЦКП: Општина Струмица прави значаен чекор кон одржлива иднина „Патоказ за еко-паметна општина“

Скопје, 19 март 2023 (МИА) - Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД, го започна проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ чија цел е промовирање на одржливо живеење и создавање функционален систем за управување со отпад во Општина Струмица.

Како што информираат од Центарот за климатски промени проектот има за цел да ги промени навиките на граѓаните за депонирање на отпадот и да ја подигне свеста за важноста на селекцијата на отпадот, а истовремено да ги намали трошоците за постапување со отпадот и да ги зголеми приходите од продажба на отпадна пластика.- Горди сме што ја имаме Општина Струмица како наш партнер во оваа иницијатива и импресионирани сме од посветеноста и ентузијазмот што Општината и Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” – Струмица го покажаа во овој проект кои денеска заедно освен 100 канти предвидени од проектот  доделивме дополнителни 1 100 канти бесплатно, тоа се вкупно 1 200 опфатени домаќинства! Овој пилот проектот за селекција на пластичен отпад во домаќинствата е значајна пресвртница во грижата за животната средина. Веруваме дека оваа иницијатива ќе ги инспирира и другите општини да го следат примерот и да работат кон поодржлива иднина, посочила Бојана Станојевска - Пецуровска, претседателка на Центарот за климатски промени.Проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ бележи успешна соработка помеѓу јавните власти и граѓанските организации за справување со еколошките предизвици. свс/сп/

Фото: Центар за климатски промени

Остани поврзан