Центарот за култура од Неготино одбележува 75 години постоење
- Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев" од Неготино одбележува 75 години постоење. Од оваа културна институција, попладнево потсетија дека вечер организираат концерт со учество на музички уметници, во чест на јубилејот.

Неготино, 8 јуни 2023 (МИА) - Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев" од Неготино одбележува 75 години постоење. Од оваа културна институција, попладнево потсетија дека вечер организираат концерт со учество на музички уметници, во чест на јубилејот.
- Нашата установа од областа на културата спаѓа во редот на најстарите културни институции во општината. Датира од далечната 1948 година и секогаш била домаќин на сите културни манифестации и настани. Така и вечерва, сите љубители на музиката, ќе можат да го проследат настапот на повеќе музички уметници, појасни директорката Виолета Стојановска.
Таа додаде дека настанот е поддржан од Министерството за култура. свд/хс/
Фото: Центар за култура Неготино