• четврток, 15 октомври 2026

Хутите го зазедоа пристанишниот град на Црвеното Море, Мока

Хутите го зазедоа пристанишниот град на Црвеното Море, Мока

Сана, 10 септември 2026 (МИА) - Борбите помеѓу јеменската армија и Хутите се интензивираат во стратешки важните области на Црвеното Море, а според очевидци и неименувани воени извори, бунтовниците го зазеле пристанишниот град Мока на западниот брег на земјата, јави Германската новинска агенција (ДПА).

На социјалните мрежи објавени се видеоснимки, на кои се гледа како Хутите како патролираат низ целиот град. Но не е потврдена автентичноста на снимките.

Доколку се потврди дека е заземен градот Мока, Хутите ќе имаат контролата врз клучна точка за пристап до теснината Баб ал-Мандаб. Мока се наоѓа северно од теснината Баб ал-Мандаб, а од почетокот на војната во Иран се користи како алтернативна трговска рута на блокираната Ормуска Теснина.

Хутите веќе контролираат клучни транспортни центри во областа. Со заземањето на Мока, сојузниците на Иран, Хутите, би можеле посистематски да го нападнат и блокираат бродскиот сообраќај во Црвеното Море.

Хутите се борат против владата на Јемен, поддржана од Саудиска Арабија, повеќе од една деценија. Примирјето од 2022 година го замрзна конфликтот, но и со мали изгледи за завршување на војната. Конфликтот повторно се разгоре по американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари. ми/јт/

фото: ЕПА