Хрватскиот претседател објави дека повеќе нема да се кандидира за политичка функција
- „Повеќе нема да бидам кандидат за претседател, ниту за ништо друго во политиката“, рече Милановиќ во својот говор

Загреб, 15 мај 2025 (МИА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека повеќе нема да се кандидира за никаква политичка функција.
„Повеќе нема да бидам кандидат за претседател, ниту за ништо друго во политиката“, рече Милановиќ во својот говор на отворањето на Деновите на комуникациите во Ровињ.
На почетокот на оваа година, Милановиќ освои втор мандат на чело на државата со убедливо мнозинство гласови во вториот круг од претседателските избори, а според Уставот, исто лице може да биде избрано на таа функција најмногу двапати.
Мандатот на претседателот на Хрватска трае пет години. зш/