• петок, 29 март 2024

Хејтинга на клупата на Ајакс до крајот на сезоната

Хејтинга на клупата на Ајакс до крајот на сезоната

 

Амстердам, 3 февруари 2023 (МИА) – Ајакс го назначи својот поранешен фудбалер, 39-годишниот Џон Хејтинга, за нов тренер кој ќе остане на клупата на актуелниот холандски шампион до крајот на сезоната, а доаѓа на местото на Алфред Шројдер, кому претходно му беше врачен отказ поради серијата слаби резултати.

„Уверени сме дека ова е вистинско решение. Уверени сме во квалитетите на Џон и визијата која ја има“, изјави директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

Шројдер го презеде Ајакс на почетокот на сезоната, наследувајќи го Ерик тен Хаг, но беше разрешен од должноста по серија од седум натпревари без победа во холандското првенство.

Ајакс во моментов е четвртопласиран на табелата со 37 бодови, пет помалку од лидерот Феенорд.

„Екипата сега мора да победува, да работи на својата самодоверба и да продолжи да се развива. Имаме уште многу за што да се бориме оваа сезона“, порача првиот човек на Ајакс во изјава за клупскиот сајт. ег/

Остани поврзан