• сабота, 13 април 2024

Хамилтон: Беше многу чудно да се види Ферари зад нас во Џеда

Хамилтон: Беше многу чудно да се види Ферари зад нас во Џеда

Лондон, 21 март 2023 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека не очекувал да го победи Ферари на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

 

Во Џеда, Џорџ Расел и Хамилтон завршија четврти и петти, додека Карлос Саинц и Шарл Леклер завршија на шестото и седмото место.

 

- Беше многу чудно да се види Ферарито зад нас. За нас ова е позитивна вест. Овде, покриеноста на патеката има и други својства. И ние сè уште не го разбираме целосно сето ова - зошто на една патека нашиот автомобил работи вака, а на другата поинаку. Како и да е, овој викенд имаше многу позитивни моменти за нас. Јасно е дека во првите неколку трки тимот ќе има и подеми и падови. Се надевам дека ќе успееме да ги добиеме потребните ажурирања за болидот што е можно поскоро и да се обидеме да ја намалиме разликата со лидерите, изјави Хамилтон за „Motorsportweek“.

 

Третата етапа од сезоната во Формула 1 ќе се одржи од 31 март до 2 април во Мелбурн (Австралија). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан