• петок, 13 ноември 2026

Фернандеш останува во Манчестер јунајтед

Фернандеш останува во Манчестер јунајтед


Манчестер, 25 јуни 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, нема да ја смени клупската средина во летниот преоден рок, објави денеска „токСпорт“.
Според истиот извор, 31-годишниот Португалец сака да остане барем уште една сезона на „Олд Трафорд“, и покрај интересот од клубови од Саудиска Арабија. Фернандеш нема почнато формални разговори со раководството на Јунјатед за неговата иднина пред Светското првенство во 2026 година, но веќе ги информирал соиграчите и блиските соработници дека планира да остане.
Португалскиот репрезентативец е во Манчестер Јунајтед од 2020 година. Изминатата сезона 37 натпревари и постигна девет голови во дресот на Јунјатед, додавајќи 22 асистенции.
Фернандеш има договор со премиерлигашот до летото 2027 година. ег
ФОТО: ЕПА