• недела, 15 ноември 2026

ФА „Осоговски извор“ од Оризари со гран-при за најдобар ансамбл и признание за најдобар оркестар

ФА „Осоговски извор“ од Оризари со гран-при за најдобар ансамбл и признание за најдобар оркестар

Кочани, 11 октомври 2026 (МИА) - Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од Оризари освои две значајни признанија на Меѓународниот фолклорен фестивал „Есенски плодови“ што се одржа во Подареш.

Меѓу 12 ансамбли учесници, „Осоговски извор“ ја освои гран-при наградата за најдобар ансамбл, а дополнително беше награден и за најдобар оркестар.

Со овие признанија, ансамблот уште еднаш го потврди својот придонес во негувањето и афирмацијата на изворниот фолклор од Осоговието, претставувајќи ја македонската традиција и култура.

Успехот е потврда за посветеноста на членовите на ансамблот од Оризари во зачувувањето на богатото фолклорно наследство. ис/

фото: Осоговски извор