• вторник, 27 август 2024

УХМР: Од утре попладне можни краткотрајни поројни дождови и грмежи

УХМР: Од утре попладне можни краткотрајни поројни дождови и грмежи

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Утре времето краткотрајно ќе биде стабилно, а во периодот потоа во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од УХМР, во среда нестабилно ќе биде претежно во северозападните делови од земјата, а повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан