• четврток, 07 декември 2023

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. дма/аа/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан