• недела, 15 ноември 2026

УНХЦР: Повеќе од 130.000 интерно раселени во Јемен од август

УНХЦР: Повеќе од 130.000 интерно раселени во Јемен од август

Сана, 6 октомври 2026 (МИА) – Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека повеќе од 130.000 луѓе се раселени во внатрешноста на Јемен од почетокот на август, како резултат на најновата ескалација меѓу меѓународно признатите владини сили и милитантната група Хути, која е поддржана од Иран.

УНХЦР соопшти дека речиси 3.700 луѓе побегнале од Јемен во Џибути, во источна Африка, од 10 септември.

Светската здравствена организација претходно соопшти дека од 6 август до 2 октомври забележала 959 смртни случаи и 4.207 ранети ширум Јемен.

Во извештајот на СЗО исто така се наведува дека случаите на колера тројни се зголемиле за три недели, при што 94 проценти од неодамнешните случаи се забележани во пет области кои примиле најголем дел од раселените семејства, вклучувајќи ги Таиз, Аден и Абјан. јт/

Фото: УНХЦР