Уметниците Игор Јосифов и Марина Убавкова со изложба во Кавадарци
- - Оваа изложба за нас е повеќе од претставување на уметнички дела. Таа е резултат на едно искуство, на еден период поминат во Париз и на средбата со град што со векови претставува место на уметноста, културата, архитектурата и непрестаното творечко истражување - рече Убавкова.
Кавадарци, 11 август 2026 (МИА) - „Париз, градот на светлината вечна инспирација", е насловена изложбата на дела од ликовните уметници Игор Јосифов и Марина Убавкова, што вечерва беше отворена во галеријата при Домот на култура „Иван Мазов Климе" во Кавадарци.
- Оваа изложба за нас е повеќе од претставување на уметнички дела. Таа е резултат на едно искуство, на еден период поминат во Париз и на средбата со град што со векови претставува место на уметноста, културата, архитектурата и непрестаното творечко истражување. Нашиот заеднички престој во Париз создаде простор секој од нас, преку сопствениот уметнички јазик, да го преточи тоа искуство во нови дела - рече Убавкова.
Таа истакна дека токму во различностите, се среќаваат нивните два уметнички света. свд/ац/
Фото: МИА