Украинската армија погоди руски танкер во Црно Море
- Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија
Киев, 17 јуни 2026 (МИА) – Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија.
Целта е успешно погодена, а во моментот се проценува обемот на штета, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм.
Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во окупираниот дел од Херсонската област. ми/ссм
фото: МИА архива