• среда, 27 септември 2023

Украина евакуираше повеќе од 17.000 луѓе од поплавените подрачја

Украина евакуираше повеќе од 17.000 луѓе од поплавените подрачја

Киев, 6 јуни 2023 (МИА) – Повеќе од 17.000 луѓе досега се евакуирани од поплавените подрачја откако браната Каховка беше делумно уништена, изјави главниот украински обвинител Андриј Костин.

- Повеќе од 40.000 луѓе се во опасност од поплави, нагласи тој.

Костин рече дека уште 25.000 луѓе треба да бидат евакуирани на страната на реката Дњепар која е окупирана од Русите. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан