• петок, 19 април 2024

ТХП: Ја поздравуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата

ТХП: Ја поздравуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата

7 јуни 2023 

Ја поздравуваме и поддржуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата и убедени сме дека тоа ќе биде катализатор за европскиот пат на Република Северна Македонија. 

Партијата за движење на Турците (ТХП) е цврст застапник на државните стратешки интереси и со таа цел ги охрабруваме сите политички чинители, без разлика на идеолошки разлики да продолжат со политичкиот дијалог. 

Граѓаните на Република Северна Македонија заслужуваат да бидат дел од ЕУ, а сите ние политички субјекти ја имаме одговорност во најбрз можен рок нашата земја да ја внесеме во големото европско семејство.

Партија за движење на Турците - ТХП

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан