• сабота, 21 септември 2024

Тројца загинати во руски напад врз Украина, Русија соборува украински беспилотни летала

Тројца загинати во руски напад врз Украина, Русија соборува украински беспилотни летала

Киев, 21 септември 2024 (МИА) - Најмалку три лица меѓу кои и 12-годишно момче, се убиени во обновените руски ракетни напади врз јужниот украински град Кривји Рих, соопштија локалните власти деенеска, додека Москва извести дека одбранила повеќе од 100 украински беспилотни летала.

Уште три лица се повредени во нападот во Кривји Рих во текот на ноќта, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхи Лисак.

Во нападот беа вклучени ракети Искандер-М, како и наведувани проектили, рече тој.

Лисак објави и неколку слики од куќи претворени во урнатини.

Потрагата по преживеани е во тек, рече гувернерот.

Кривји Рих е индустриски град и родно место на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таа постојано беше цел на руски напади во војната што ја започна Москва пред повеќе од две и пол години.

Неколку региони низ Украина пријавија руски воздушни напади во текот на ноќта.

Украинската воздушна одбрана го објави бројот на вкупните напади на 25. Пресретнати се пет проектили и 11 беспилотни летала, се вели во соопштението.

Преку границата, руската воздушна одбрана собори повеќе од 100 украински беспилотни летала над различни руски региони, соопшти МО.

Село во југозападниот регион Краснодар, во близина на Украина, мораше да биде евакуирано поради пожар што го предизвикаа остатоци од соборен дрон, соопштија властите, наведувајќи дека постои ризик од експлозии.

Според Министерството за одбрана, само 53 беспилотни летала биле соборени над југозападниот регион Брјанск кој граничи со Украина.

Околу 18 беспилотни летала биле пресретнати во регионот Краснодар, се вели во соопштението.

Вкупниот број на соборени дронови низ Русија е 101.

Гувернерот на Краснодар, Вениамин Кондратиев, изјави дека се формира засолниште за итни случаи за жителите на градот Тихорецк кои се принудени да ги напуштат своите домови поради нападот.

Украина, која се брани од целосна руска инвазија од 24 февруари 2022 година, постојано напаѓа цели на руска територија, вклучително и складишта за муниција и гориво, за да го прекине снабдувањето на московските трупи кои се борат во Украина.

За да ги зајакне сопствените трупи, Зеленски потпиша нов закон усвоен од парламентот за зголемување на воените трошоци за 500 милијарди гривни (околу 12 милијарди долари), објавија локалните медиуми.

Средствата ќе се финансираат од заеми, даноци и зголемување на давачките за тутунот и горивото. Зголемувањето треба да се искористи за исплата на надоместоци за војниците во првите редови овој месец.

Врховната Рада - парламентот на Украина - во средата усвои ребаланс на буџетот како одговор на тековната војна. Ова ќе ги зголеми буџетските трошоци за околу 13% до еквивалент на над 90,5 милијарди долари - рекорд за Украина.

Украина вели дека добила преку 98 милијарди долари финансиска помош од странство од почетокот на војната во февруари 2022 година. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан