• сабота, 17 октомври 2026

Три каратисти од Дебар обезбедија учество на светскиот шампионат во Полска

Три каратисти од Дебар обезбедија учество на светскиот шампионат во Полска

Дебар, 6 септември 2026 (МИА) - Голем успех на дебарскиот карате клуб „Дибра“ на Купот на Македонија, што се одржа во Скопје. 
 
Три членки на клубот освоија први места, станувајќи шампионки во нивните категории, што значи и учество на Светското карате првенство. 
 
-Каратистките,  Ера Коџа, Буна Села и Блина Горенца, покажаа одлична борба и освоија први места во своите категории. Со тоа обезбедија место во македонската карате репрезентација за учество на Светското првенство во карате. Горд сум на нивниот успех, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер на клубот. 
 
Според Пачуку кој е тренер и на репрезентацијата, Светскиот карате шампионат ќе се одржи во Бјелско-Бјала, Полска од 14 до 18 идниот месец.

Успехот им го честиташе и градоначалникот Фисник Меља, кој напиша дека како локална власт ќе продолжат да ги поддржуваат младите кон нивните успеси во спортот. вт

Фото: КК „Дибра“

Тагови