• недела, 14 април 2024

Трипуновски: Од политиките на СДСМ имаат бенефит само блиските околу нив

Трипуновски: Од политиките на СДСМ имаат бенефит само блиските околу нив

26 март 2023 

Владата предводена од СДС продолжува да биде симбол на криминал, корупција и уништувач на Македонското земјоделство.

Како никогаш досега нема сектор каде според официјалните статистички податоци нема пад на производството, а Македонија е се позависна од увоз на храна. Единствен бенефит од мерките кои ги носат имаа само луѓето блиски до власта и за ова има безброј примери а денес ќе го издвојам случајот каде раководителот на секот за рурален развој Гоце Ѓоргиевски воедно и претседател на партиската комисија за земјоделство во СДС си поделил грант од 10 000 евра за семејна винарија на сопствениот татко!

Наместо денес да излезат и да кажат како ќе го решат пласманот на пролетната зелка во Струмичко, кога ќе извршат обештетување на свињарите кои претрпеа штети од Африканската свинска чума, кога ќе се исплатат субвенциите на тутунарите, по која цена ќе се откупува грозјето од оваа реколта???

За крај почитувани елитисти од власта се гледа крајот на вашето расипничко владеење, а потоа и одговорност вашите злоупотреби !

 

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 
Фото: Фејсбук на Цветан Трипуновски 

Остани поврзан