• четврток, 25 април 2024

Тригодишно палестинско дете тешко рането од израелски оган

Тригодишно палестинско дете тешко рането од израелски оган

 Ерусалим, 2 јуни 2023 (МИА) - Тригодишно палестинско дете утрово е во критична состојба во израелска болница откако беше погодено од израелски оган на окупираниот Западен Брег. Израелската војска соопшти дека започнала истрага за, како што наведоа, ненамерно пукање.

Во соопштението на војската се додава дека вооружени лица отвориле оган во правец на еврејската населба доцна синоќа и дека војниците од стражарското место возвратиле на оган. Неколку моменти подоцна, израелските служби за итни случаи биле известени дека еден Палестинец и едно дете се тешко ранети. Мажот е префрлен во палестинска болница, а детето со хеликоптер е пренесено во израелската болница Шеба. Болницата соопшти дека детето е во критична состојба. зш/

Остани поврзан