• вторник, 16 јуни 2026

Третиот круг од мировните преговори меѓу Израел и Либан оценет како „продуктивен и позитивен“

Третиот круг од мировните преговори меѓу Израел и Либан оценет како „продуктивен и позитивен“

Ерусалим, 15 мај 2026 (МИА) – Третиот круг од мировните преговори меѓу претставниците на Израел и на либанските власти биле „продуктивни и позитивни“, пренесуваат израелските медиуми весници изјава на претставник на американскиот Стејт департмент. 

„Џерусалем пост“ објавува дека првиот ден од третиот круг разговори завршил по осум часа дискусии одржани во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

Според претставник на Стејт департментот, разговорите биле „продуктивни и позитивни“. „Со нетрпение очекуваме да продолжиме утре и се надеваме дека тогаш ќе имаме повеќе за споделување“, посочил тој.

Пред вчерашната рунда преговори, израелски функционер изјавил за „Џерузалем пост“ дека разговорите имаат цел „подлабоко да се разгледа рамка за договор“.

Вчерашните разговори биле првите со присуство на воени претставници, одржани непосредно пред истекот на тринеделното примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп на 23 април.

Израелската делегација ја предводел израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, придружен од шефот на стратешкиот оддел на Израелските одбранбени сили, бригадниот генерал Амихаи Левин, претставник на Советот за национална безбедност и вршителот на должноста израелски воен аташе во Вашингтон.

Либанската делегација ја сочинувале поранешниот амбасадор на Либан во САД, Сајмон Карам, актуелната амбасадорка, Нада Хамадех Муавад и военото аташе на Либан во Вашингтон.

Делегациите на двете страни е предвидено повторно да се сретнат денеска. аб/сд

фото/ЕПА