• среда, 24 април 2024

Тренчевска на работилница во Дебар во рамки на кампањата „Гласна и храбра“

Тренчевска на работилница во Дебар во рамки на кампањата „Гласна и храбра“

Дебар, 15 март 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ денеска спроведе уште една работилница, овој пат со младите од Дебар.Целни групи на работилниците се жени со попреченост, жени од ранливи категории на граѓани, пензионерки и млади лица.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со шефицата на кабинет, Наташа Димеска ја спроведоа работилницата и непосредно разговараа со младите за нивните предизвици.Работилницата водена од Димеска беше во насока на економско зајакнување и ментално здравје, потребата за градење на самодоверба кај младите и како тоа влијае врз нивниот секојдневен живот.

Беше разговарано за можностите за вработување, придобивките од волонтирање и кои се нивните планови за иднината. Актуелно беше и прашањето за онлајн насилството каде несебично во дискусија се вклучија и младите лица кои беа присутни на работилницата.На средбата беа присутни млади лица од 17 до 26 годишна возраст.Претходно министерката Тренчевска беше во посета на детската градинка „Брешија“. вт/дма/

 

Фото: МТСП

Остани поврзан