• четврток, 18 април 2024

Тревога за воздушен напад во Киев

Тревога за воздушен напад во Киев

Киев, 1 јуни 2023 (МИА) – Во Киев пред неколку минути се вклучила тревога за воздушен напад.

Во текот на изминатата ноќ Русија изврши напади врз Киев во кои загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а шест лица беа повредени.

- Сите воздушни цели што ги пресретнавме беа уништени од нашите сили и средства за противвоздушна одбрана, соопшти градската управа. Сепак, остатоците што паднале резултираа со жртви и повредени.

Според локалните власти, Русија во нападот користела крстаречки и балистички ракети.

Фото: Твитер

Остани поврзан