• сабота, 08 ноември 2025

Трамп се потпиша во книгата за гости на Кнесетот: „Прекрасен и убав ден, нов почеток“

Трамп се потпиша во книгата за гости на Кнесетот: „Прекрасен и убав ден, нов почеток“

Ерусалим, 13 октомври 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во израелскиот Парламент – Кнесетот, каде кратко се поздрави со претседателот на Кнесетот, Амир Охана, пред да седне и да се потпише во книгата за гости.

„Ова е голема чест за мене. Прекрасен и убав ден, нов почеток“, напиша Трамп со дебел црн маркер, придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговата сопруга Сара, како и од Охана и неговата партнерка.

По потпишувањето, Трамп се упати кон пленарната сала за да се обрати пред Кнесетот, станувајќи четвртиот американски претседател во историјата што го прави тоа. ссм/

фото: Тајмс оф Израел

Остани поврзан