• сабота, 08 ноември 2025

Трамп пристигна во Израел

Трамп пристигна во Израел

Ерусалим, 13 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ беше пречекан од претседателот и премиерот на Израел, Исак Херцог и Бенјамин Нетанјаху.

- Ова е одличен ден. Можеби вашиот најдобар ден, им кажа Трамп на Херцог и Нетанјаху.

Додека Нетанјаху одговори – „Ова е историја“.

Израелскиот амбасадор во Вашингтон, Јехиел Лајтер изјави дека Трамп му рекол: „Знаеш дека твојот син те гледа со насмевка, го знаеш тоа, нели?“

Синот на Лајтер, мајор Моше Једидија Лајтер, беше убиен во борбите во Појасот Газа во 2023 година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан