• четврток, 15 октомври 2026

Тајани го покани Зеленски да ги вклучи Рим и Варшава во мировните преговори

Тајани го покани Зеленски да ги вклучи Рим и Варшава во мировните преговори

Рим, 10 септември 2026 (МИА) – Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја прошири групата европски земји вклучени во мировните преговори, особено со вклучување на Италија и Полска, објави италијанската агенција АНСА.

„Европа може да направи многу, но верувам дека Зеленски треба да се обрати не на поединечни европски држави, туку на сите земји од Европската Унија. Нема потреба од иницијативи во мали групи“, нагласи Тајани.

Шефот на италијанската дипломатија рече дека го нуди овој совет како пријател на Украина.

„Би било мудро да се вклучат не само Франција и Германија, туку и Италија и Полска“, додаде Тајани.сд/

Фото: МИА архива