Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка
- Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.

Лондон, 7 јуни 2023 (МИА) – Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.
- Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.
- Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој. јт/зш/
Фото: МИА Архива