• четврток, 15 октомври 2026

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

Скопје, 9 септември 2026 (МИА) - Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска оствари работна посета на шест национални установи од областа на културата, со цел непосредно да се запознае со нивната работа, условите во кои функционираат и предизвиците со кои се соочуваат.

Како што соопшти Министерството за култура и туризам, посетите се дел од практиката министерот лично да ги посети сите културни установи во државата, со цел директно да се информира за нивните потреби и развојни планови.

Во рамки на посетата, Сулејмани ги посетил Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар и Конзерваторскиот центар – Скопје.

Во разговорите со директорите на институциите биле разгледани тековните програмски активности, кадровските и инфраструктурните предизвици, како и можностите за подобрување на условите за работа и зајакнување на меѓуинституционалната соработка.

Посебно внимание било посветено на подготовките за програмите за 2027 година, при што биле разгледани приоритетните проекти, финансиските потреби и можностите за нивна реализација.

Од Министерството посочуваат дека ќе продолжат со поддршка на културните установи, со цел унапредување на условите за уметничко творештво, развој на културното наследство и јакнење на културниот живот во земјата. бк/вј/

Фото: Министерство за култура и туризам