• четврток, 15 октомври 2026

Странски товарен брод се запали во кинеското пристаниште Кингдао

Странски товарен брод се запали во кинеското пристаниште Кингдао

Пекинг, 10 септември 2026 (МИА) – Голем број луѓе настрадаа откако се запали странски товарен брод во кинеското пристаниште Кингдао.

Кинеските медиуми објавија дека бродот бил на поправка на бродоградилиште.

Сè уште нема податоци за точниот број на жртви.

По несреќата, кинескиот претседател Сји Џинпинг побара итна и сеопфатна операција за пребарување и спасување. Тој, исто така, нареди брза истрага за да се утврдат точните причини за пожарот. ми/јт/

фото: МИА архива