• четврток, 25 април 2024

Стејт департмент: Недостиг на судска и медиумска независност и корупцијата главни проблеми во Албанија

Стејт департмент: Недостиг на судска и медиумска независност и корупцијата главни проблеми во Албанија

  Тирана, 21 март 2023 (МИА) - Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независнимедиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми воАлбанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент.Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата иограничените ресурси го спречија судството да функционира целосно, независно и ефикасно“.Во извештајот се забележува дека има и напредок, а се споменува и Специјалната антикорупциска структура, која вотекот на изминатата година истражуваше, гонеше и казнуваше високи функционери и членови на организиран криминал,инволвирани во корупција.Корупцијата, се наведува во извештајот, била присутна во сите гранки и нивоа на власта, вклучително и јавнитенабавки и јавно-приватните партнерства. Еден од главните проблеми споменати во извештајот есостојбата на медиумите и притисокот врз нив.Според извештајот, набљудувачите тврдат дека „владата, политичките партии, бизнисите и криминалните групи сеобиделе да влијаат врз медиумите на несоодветен и нетранспарентен начин“.Има слободни медиуми и пролиферација на медиуми, особено на интернет, кои претставуваат широк спектар на ставовибез одговорност, честопати без потврдени информации.„Меѓутоа, независните медиуми се многу малку, бидејќи повеќето медиуми се во сопственост на моќни бизнисмени сосопствени интереси кои ги користат нивните медиуми за унапредување на сопствените интереси, вклучително ипрофитерство и промовирање на интересите што ги имаат со политички партии, се вели во извештајот.Стејт департментот, исто така, наведува дека има веродостојни извештаи дека високи претставници намедиумите ги користеле истите за да ги уценуваат бизнисите, заканувајќи им се со негативно покривање.„Политичкиот притисок, корупцијата и недостатокот на финансирање ги ограничија независните печатени медиуми, ановинарите, наводно, практикувале самоцензура, се констатира во извештајот.Според Стејт департментот, во извештајот на Меѓународната мисија за набљудување на изборите по парламентарнитеизбори во април 2021 година се проценува дека новинарите останале ранливи на притисок и корупција.Осврнувајќи се на овие избори, во извештајот се наведува дека според Меѓународната мисија на набљудувачи, иакоизборите генерално биле добро организирани, владејачката партија обезбедила значителни предности од фактот дека ена власт, од контролата врз локалните администрации и од злоупотребата на административни ресурси. Во извештајот сенаведуваат и веродостојните наводи за широко распространето купување гласови од страна на политичкитепартии и незаконското извлекување и користење на чувствителни лични податоци.„Некои сопственици на бизниси, граѓански активисти и политичари ја обвинија владата дека селективно гоприменува законот за одземање имот за политички цели. Примерите вклучуваат насилно затворање на деловен просторна пратеник од опозицијата, кој рече дека неговата фирма била цел, бидејќи постојано и јавно обвинувал владинифункционери за корупција, стои во извештајот.Зборувајќи за правата на жените, во извештајот се забележува дека владата не го спроведувала ефективнозаконот кога станува збор за злоставување. „Во извештајот се наведува и дека властите немаат објавеноподатоци за кривично гонење за случаи на силување од  брачен другар. Концептот на силување од сопружник не едобро разбран и властите често не го сметаат за кривично дело. Иако законот забранува сексуално вознемирување, официјалните лица ретко ја спроведуваат обврската од законот, се констатира во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права за 2022 година во делотза Албанија. вт/

Остани поврзан