• петок, 29 март 2024

Стејт департментот одобри можна продажба на ракетен систем Марк 41 на Холандија, соопшти Пентагон

Стејт департментот одобри можна продажба на ракетен систем Марк 41 на Холандија, соопшти Пентагон

 
Вашингтон, 3 јуни 2023 (МИА) - Стејт департментот одобри потенцијална продажба на Холандија на ракетен систем Мark 41 (MK 41) и опрема во вредност од околу 110 милиони долари.

Пакетот ќе вклучува осум системи за лансирање, резервни делови и техничка помош, се вели во соопштението на Пентагон. Кралската холандска морнарица има намера да ги користи модулите за своите нови воени бродови.

Спроведувањето на договорот од американска страна е доделено на компанијата „Локид Мартин Корп“. зш/

 

 

Остани поврзан