• недела, 10 декември 2023

Стабилно и топло време и во наредните денови

Стабилно и топло време и во наредните денови

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Стабилно време со умерена облачност ќе се задржи и во наредните денови. Во недела ќе има услови за локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 5 до 16, а максималните дневни ќе достигнат до 31 степен.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан