• вторник, 09 декември 2025

Срѓан Ивановски е нов раководител на регионалната канцеларија на Централен регистар во Куманово

Срѓан Ивановски е нов раководител на регионалната канцеларија на Централен регистар во Куманово

Куманово, 18 ноември 2025 (МИА) - Срѓан Ивановски е нов раководител на регионалната канцеларија на Централен регистар во Куманово, односно во регионална регистрациона канцеларија.

- Ми претставува особена чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност и обврска што ќе имам можност да менаџирам и застапувам една таква престижна и пред се транспарентна институција на локално и регионално ниво (РК Крива Паланка). Тука сум нешто повеќе од три месеци и од она што го видов досега морам да констатирам дека во институцијата работат колеги кои се професионални во својата работа, почитувајќи го пред се етичкиот кодекс на однесување, а применувајќи го начелото на законитост и ефикасност, изјави Ивановски.

Тој најави унапредување на услугите бидејќи, како што рече, работата на централниот регистар е основа за многу процеси во земјата. Во последните месеци кажа дека реализирале значајни подобрувања во системите за ефикасност и безбедност на податоците, укажувајќи дека како раководител ќе се посвети на обезбедување точни и ажурни податоци за граѓаните и деловните субјекти, ќе работат на новите промени, дигитализација на услугите, што ќе ја олесни комуникацијата со граѓаните и ќе ја забрза обработката на податоците. Целта, како што кажа е да бидат транспарентни и достапни и да го зголемат нивото на доверба во институцијата. Тој се заблагодари на генералниот директор на Централен регистар Анита Стамнова за укажаната доверба.

Ивановски е дипломиран правник со правосуден испит и поранешен вработен во ФЗОМ ПС Куманово како стручен соработник. ам/мд/


Фото: ФБ Ивановски

Остани поврзан