• петок, 29 март 2024

Средба на Пендаровски со претставници на ЗНМ и меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на Пендаровски со претставници на ЗНМ и меѓународни новинарски и медиумски организации

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја.

- Претставниците на новинарските и медиумски организации го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа на полето на безбедноста на новинарите. Посочија дека очекуваат, преку средбите коишто деновиве ги одржаа со новинарските здруженија и со надлежните тела и институции подобро да ја осознаат состојбата со медиумите во земјава и дека ќе зајакне нивната меѓусебна соработка, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски ја нагласил улогата на медиумите во градењето на слободно и демократско општество и изразил задоволство за интересот за посета на нашата земја од меѓународните новинарски и медиумски организации кои можат да им помогнат на претставниците на медиумите во нашата земја во остварувањето на нивните права. цр/сп/

Фото: Претседател на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан