• сабота, 28 септември 2024

Средба на млади од Куманово и Никшиќ во рамки на проектот „Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан“

Средба на млади од Куманово и Никшиќ во рамки на проектот „Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан“

Куманово, 13 јуни 2024 (МИА) - Млади од ИТ секторот од Куманово во рамки на проект за регионална мобилност остварија средба со претприемачи од Никшиќ, Црна Гора, соопштија денеска од здружението „Активум“ од Куманово. Средбата се спроведува во рамки на проектот „Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан“ кој е заеднички проект на Центарот за локална демократија од Суботица, Агенцијата за локална демократија од Никшиќ и Граѓанскиот центар Активум од Куманово.

Целта на средбата е едукација на младите за да станат успешни ИКТ претприемачи, да основаат и водат мал бизнис, да ги усовршат бизнис идеите и моделите.

Претприемачите, неделава го посетија бизнис инкубаторот „Технополис“ во Никшиќ каде стекнаа знаења и вештини за придвижување на бизнис идеја до реализација. Тие се сретнаа со менаџерот на бизнис инкубаторот Жељко Лучиќ, кој како ментор им пренесе знаења за функционирањето на иновативниот центар и услугите коишто се нудат на нивните корисници. Во рамки на посетата и средбите разговараа за идејата на која работат, подготвувајќи план за валидација преку практични истражувања од повеќе области, примена на канвас бизнис моделот, споредба со конкуренцијата, истражување на пазарот и одвојување на клучните вредности. Младите ја презентираа идејата на која беа претставени клучни аспекти за потенцијални инвеститори и корисници.

-Ова за нас како учесници беше прекрасно искуство во кое се стекнавме со практични знаења како да валидираме некоја бизнис идеа уште во рана фаза пред да почнеме со нејзина изработка. Со тоа ги намалуваме ризиците за неуспех и однапред може да предвидиме во која насока би се движеле со текот на развојот на таа идеа. Во иднина би сакал да има уште соработки и обуки од овој тип коишто ќе се фокусираат на оваа тема коишто ќе бидат во поголем временски период со цел што потемелно да се опфатат што повеќе сегменти од развојот на една идеа, изјави Владимир Митевски, учесник.

Кумановските претприемачи се сретнаа и со претставници на општина Никшиќ, а ја посетија и Подгорица каде беа на саем за ЕУ проекти. Целта на проектот „Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан“ е да се поттикне младинската мобилност и учество во регионалната соработка и размена како алатка за развој на професионалните вештини, професионална обука и економско зајакнување на младите во Суботица, Никшиќ и Куманово. Претходно, обука се одржа во Суботица.

-Целта е младите да станат успешни ИКТ претприемачи, да основаат и водат мал бизнис, да ги усовршат бизнис идеите и модели, да ги унапредат знаењата, да развиваат вештини за стартап компании во ИКТ секторот, да популаризираат иновации, да промовираат културни активности и да разменат добри локални практики во трите града, изјави Марија Тошева од „Активум“.

Проектот го спроведуваат ЛДА Суботица (Local Democracy Agency LDA Subotica), ЛДА Никшиќ (Agencija za lokalnu demokratiju Niksic / LDA Montenegro) и Граѓански центар Активум од Куманово. Иницијативата е дел од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 2 (ReLOaD2), која ја финансира Европската Унија (EU), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).ам/бт/

Фото: „Активум“


 
 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан