• четврток, 18 април 2024

Средба на министерот Mеџити и претставничката на УНИЦЕФ, ДиЏовани

Средба на министерот  Mеџити  и претставничката на УНИЦЕФ, ДиЏовани
Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Министерството за здравство со УНИЦЕФ ќе потпишат годишна програма, дизајнирана во насока на подобрување на квалитетот на здравствени услуги, соопшти Министерството за здравство, информирајќи за денешната средба на министерот за здравство Фатмир Mеџити и претставничката на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Патриција ДиЏовани, посветена на работните активности и областите на потенцијална соработка за 2023 година.  
 
-Во делот на зголемување на ефективноста и ефикасноста на здравствените услуги, МЗ и УНИЦЕФ заеднички ќе работат на развој и градење на капацитетите на здравствените работници, анализа и совети за политики за подобрување на распределбата на јавните финансии и човечките ресурси за имунизација, вклучително и функционална анализа на услугите за вакцинација, анализа за трошоците и придобивките од службите за домашна посета на ниво на примарна здравствена заштита, поддршка на МЗ и други чинители во здравствениот сектор за да се третираат трендовите на дебелина кај деца и адолесценти, зајакнување на националните капацитети и поддршка во препораките за рана интервенција кај децата, ран детски развој и менталното здравје, базирани на докази од неколку анализи и студии, соопшти Министерството за здравство.
 
 
Програмата предвидува и континуирана поддршка на имунизацијата – масовна мултимедијална комуникациска кампања за потсетување на јавноста за достигнувањата во науката за вакцините и историјата на успехот на вакцините која, како што наведува Министерството, е неопходна за да се врати довербата во здравствениот систем и вакцините. хс/са/ 
 
Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан