• понеделник, 23 септември 2024

Средба на директорот на КОВЗРГ Оливера Трајковска со Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс. Киро Стојанов

Средба на директорот на КОВЗРГ Оливера Трајковска со Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монс. Киро Стојанов

23 септември 2024 

Денеска директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска имаше средба  со Бискупот  на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов.

На средбата беше разговарано за сите значајни моменти од мозаикот на верскиот живот во Македонија. Католичката црква како дел од тој мозаик  дејствува во насока на градење квалитетни и трајни врски со останатите верски заедници.

Соработката со Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи била негувана низ годините и во континуитет ќе продолжи и во иднина. Сите важни прашања од доменот на верскиот и општествениот живот кои ги засегаат и двете страни, заеднички ќе бидат разгледувани и решени, а заедничките одлуки ќе се имплементираат за заедничко добро на сите.

Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан