• петок, 19 април 2024

Според Москва, цел на нуклеарната реторика на Г7 била притисок врз Кина и Русија

Според Москва, цел на нуклеарната реторика на Г7 била притисок врз Кина и Русија

Москва, 23 мај 2023 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи оцени дека единствената цел на нуклеарната реторика на Г7 е да ги подложи Москва и Пекинг на психолошки, воен и политички притисок.

Минатата недела, во првата изјава за нуклеарното разоружување објавена на самитот, Г7 ги повика Русија и Кина да бидат потранспарентни во однос на нивниот нуклеарен арсенал, слично на чекорите што ги преземаат САД, Велика Британија и Франција.

Коментирајќи го документот, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, задолжен за прашањата за контрола на оружјето во министерството, рече дека изјавата одразува антитурски и антикинески тон.

„Се добива впечаток дека западната реторика за големината на нивните нуклеарни арсенали има само една цел - да ги подложи Русија и Кина на воено-политички притисок“, рече Рјабков во коментарот објавен на веб-страницата на Министерството „Зад него очигледно е патолошка желба да се оцрни нашата земја“, оцени тој. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан