• петок, 27 септември 2024

Со 80 ракети Хезболах пукал кон израелски град во северниот дел од државата

Со 80 ракети Хезболах пукал кон израелски град во северниот дел од државата

Бејрут, 26 септември 2024 (МИА) - Либанската вооружена група Хезболах соопшти дека денеска го нападнала северниот израелски град Сафед со десетици ракети како одговор на израелските напади врз Либан.

„Бранејќи го Либан и неговиот народ и како одговор на варварските израелски напади врз „градови, села и цивили“ во Либан, борците на Хезболах го таргетираа Сафед „со 80 ракети“, се вели во соопштението.

Една од ракетите погодила зграда во северниот град Бири, во близина на Сафед, објави „Тајмс оф Израел“.

Засега нема информации за повредени во нападот, пишува израелскиот портал. зш/

Остани поврзан